top of page
Богутовачка Бања - 1ви Мај
Тргнување
01.05.2026
Враќање
03.05.2026
Цена
Превоз
автобус
Сместување
хотел
ПРОМО цена за резервации до 15.04.2026 - 135€/8.370ден
Редовна цена на аранжманот - 155€/9.610ден
Богутовачка Бања – совршен спој на убавото и корисното. Сместена на 530 м надморска височина, меѓу шумовитите падини на Троглав, Жељин и Столови, оваа бања нуди природен мир, чист воздух и лековита минерална вода. Поради својата тивка и смирувачка атмосфера, често ја нарекуваат „Неуро СПА“ – место кое го освежува телото и умот. Совршена дестинација за релаксација, прошетки и уживање за 1-ви Мај.
Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
- Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.790ден
Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во Хотел Минерал 3* во двокреветни соби на база 2 ноќевања
- Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на база шведска маса)
- Користење на базен со лековита вода, тепидариум и парно купатило
- Користење на рекреативен базен со температура на водата до 28 степени
- Туристичка такса
- Организација и реализација со туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко и здравствено осигурување
- Факултативна посета на манастирот Жича со водич - 10€ (доплата на лице место)
2.Ден 02.05.2026 (Сабота) БОГУТОВАЧКА БАЊА – МАНАСТИР ЖИЧА
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на вклучени во цената. Ноќевање.
bottom of page










