top of page
Малта 1 Мај
Тргнување
01.05.2026
Враќање
04.05.2026
Цена
Превоз
Авион
Сместување
Хотел
РЕДОВНА ЦЕНА: 469 € / 29.080 мкд
ПРОМО ЦЕНА 339 ЕВРА / 21.020 МКД ЦЕНА ДО 12.04 (ОГРАНИЧЕНИ МЕСТА)
Малта, островска држава во средината на Средоземно море, која ја чинат трите најголеми и населени острови- Малта, Гозо и Комино како и помалите Филфа, Коминото и други ненаселени одтрови. Оваа средоземноморска убавица е музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е 7000 годишната историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Низ прошетката ќе влеземе во мистериозната предисторија на островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезите на Св. Јован го бранеле христијанството... Впечатливите бои на медено обоениот камен во мешавина со медитеранско синило, пејсажите, архитектурата и богатиот ноќен живот, ја прави Малта монденско место.
НАПОМЕНИ:
- Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
- Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
- Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
- При отказ на резрвација од страна на клиентот, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.
- Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
- Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
- Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка
.-Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје
- Аеродромски такси
- Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
- Сместување во Малта на база 3 ноќевања со појадок
- Заедничка вечерна прошетка низ Слиeма
- Заедничка вечерна прошетка низ Ст.Џулиан
- Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
- Организација на аранжманот и придружник на патување
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
- Посета на Попај село и рибарското градче Марсашлок 45 евра (трансфер и влезница)
- Излет по Малта (Ta Qali, Mdina, Blue Grotto и Валета) 65 евра (трансфер, локален водич)
- Посета на Гозо 75 евра (трансфер, брод, локален водич)
- ПАКЕТ СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ 170 евр
- Туристичка такса 750 мкд (се плаќа во агенција)
- Влезници во локалитетите освен за Попај, карти за локален превоз
- Патничко – здравствено осигурување
- Доплата за еднокреветна соба
02.05.2026 (САБОТА) ИЗЛЕТ ПО МАЛТА - МDINA - BlUE GROTTO - TA’QАLI – ВАЛЕТА
Појадок. Потоа се упатуваме на целодневен факултативен излет исполнет со историја, култура и природна убавина. Посета на Мдина, стариот средновековен главен град на Малта, наречен – Град на тишината. Прошетка низ тесните поплочени калдрмени улички и грандиозна архитектура, разглед на познатите градини Св. Антони, Претседателската Палата.. Посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде ќе имате можност да се види специфичната техника на изработка на дувано стакло, каде вештите занаетчии создаваат сложени стаклени предмети и одлична прилика да купите уникатни сувенири. Посета на прекрасната Сина Пештера (Blue Grottо)која е најпознатиот пештерски комплекс на Малта, што преставува всушност комплекс од девет пештери чии карпести страни светат зелено, виолетово или портокалово, во зависност од нивната содржина на минерали. Околу пештерите се наоѓаат едни од најчистите и најсветли кобалтно-сини води што може да се замислат. Доколку дозволуваат временските услови има можност за пловење со бродче низ Blue Grottо (доплата на лице место околку 10 еур). Потоа одиме на разглед на Валета, главниот град на Република Малта и локалитетот на светското наследство на УНЕСКО. Историскиот град со ѕидови датира од 1565 година и има атмосфера на Медитеран со северно африкански шарм. Оваа дестинација конечно влезе во глобалниот центар на вниманието како Европска престолнина на културата во 2018 година. Опкружен со бројни масивни ѕидини и тврдини, изграден од Витезите на Св.Јован кои биле болничари во 16-от век. Малтежаните се многу горди на својот главен град чие светско и богато културно наследство се открива веднаш при самото движење на улиците низ градот. Разгледот започнува од портата на Валета преку главната улица до централниот плоштад на Републиката со застанување на важни културно-историски објекти, продолжуваме по сликовитите улички до Градините “Barracca” од каде што има прекрасен панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Можност за посета на богато украсената Катедрала и музеј на Св.Јован, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети, која воедно е и мевзолеј каде што се погребани големите мајстори од малтешкиот витешки ред (влез во Катедралата се доплаќа на лице место 15еур). Враќање во хотел. Вечерта заедничка прошетка во Ст. Џулиан, место познато по својот бурен ноќен живот, монденско место со многу барови и ресторани. Ноќевање.
bottom of page












