top of page

САРАЕВО И МОСТАР 1 МАЈ

Тргнување
30.04.2026
Враќање
04.05.2026
Цена
Превоз
автобус
Сместување
хотел
РЕДНОВНА ЦЕНА: 129 € / 8.000 мкд
ПРОМО ЦЕНА 105 ЕВРА / 6510 МКД ЦЕНА ДО 12.04 (ОГРАНИЧЕНИ МЕСТА)
Босна е земја со многу историја, “земја на крв и мед“ што би рекла Анџелина Џоли. Овде ќе се запознаеме со османлискиот период кога е изградено најмногу, со социјалистичкиот период чиј крај е проследен за жал со војна. Овде ќе се напиете најубаво кафе, ќе пробате највкусен бурек и баклава. И секако ќе се сликате на Башчаршија, на Мостот на Дрина, во Мостар и со паднатиот Мост на Неретва. Тура во која ќе уживате и одблизу ќе се запознаете со традицијата и секојдневието на земјата во која живеат Босанци, Хрвати, Срби, муслимани, христијани кои и ден денес и после сите војни живеат и функционираат заедно како еден пример на мулти етничко општество.
генцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
- За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
- Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
- Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
- Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети. -Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

-Aвтобуски превоз (Штип, Кочани, Велес, Скопје и Куманово)
-2 ноќевања со појадоф во хотел со 3*
-Разглед на Сараево со локален водич
-Туристички придружник


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Пакет Неретва (Бункерот на Тито, Јабланица,изворот Врело Буне и Мостар ) - 60 евра
*Влезница за бункерот не е вклучена во цената и чини 20 евра по лице.
- Посета на Босанските пирамиди (тунел Равне)- 25 евра од лице
-Туристичка такса- 5 евра од лице за 2 ноќевања
ВТОР ДЕН 01.05.2026 (ПЕТОК)-Сараево

Пристигнување во Сараево каде следува разглед на градот со локален водич.Сараево е поделен на 3 дела, Отомански дел каде се наоѓа Башчаршија, Австро-Унгарски дел каде се спојуваат културите и доминираат австро-унгартските градби и Југословенски дел.Кога ќе шетате ќе се почувствувате како да влегувате од град во град.
Разгледот ни започнува кај Vjecnica, нај репрезентативната зграда во Сараево која се наоѓа покрај реката ,,Miljacka’’. Продолжуваме кон Башчаршија, симболот на градот каде ќе имате можност да ги вкусите Сараевските ,,Cevapi kaj Zeljo’’ и Сараевскиот бурек. Ќе ја видите Џамијата Гази Хусреб Бег или позната како Беговата Џамија која е прва џамија во светот во која се изработени електрични инсталации како и внатрешно електрично осветлување. Сместена во срцето на Башчаршија, Беговата џамија е мета на многубројните туристи од цел свет. Оваа џамија заедно со саат-кулата е застапена во многу филмови, пред сè во филмови од документарен карактер а најпознатиот филм е Валтер го брани Сараево, ќе дојдете до точката каде се спојуваат културите на истокот и западот, местото каде е формирана EX YU групата INDEXI ќе го видите хотел Eвропа кој е најстариот хотел во Сараево каде престојувал Тито и ,,Vjecna Vatra’’. Вечниот оган е споменик на воените и цивилните жртви од Втората светска војна во Сараево. Споменикот е изграден на 6 април 1946 година, на првата годишнина од ослободувањето на Сараево од германската окупација. За време на опсадата на Сараево пламенот на споменикот бил изгаснат бидејќи во градот немало гориво. На крај на разгледот ќе го видите местото каде е убиен Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип на 28 јуни 1914 година и со ова убиство започнува почетокот на Првата Светска војна и Латински мост кoј е еден од најстарите мостови во главниот град. По разгледот следува слободно време за индивидуален разглед. Препорачуваме да ја посетите најстарата пивница во градот ,,PIVNICA HS’’ која е од 1864 година. Сместување во хотел. Ноќевање.

bottom of page